Forbes: Барселона е највреден фудбалски клуб на светот

32

Барселона го претекна вечниот ривал Реал Мадрид како највреден клуб на светот на годишната листа која ја објавува магазинот Forbes, додека Манчестер Jунајтед го загуби третото место од европскиот и светски шампион Баерн Минхен.

Каталонците според Forbes вредат фантастични 3,46 милијарди фунти, а Реал Мадрид 3,45 милијарди фунти додека Баерн сега се трети со 3,07 милијарди фунти вредност.

Манчестер Jунајтед сега  се четврти со 3,06 милијарди фунти, а следат Ливерпул со 2,98 милијарди фунти, Манчестер Сити, со 2,91 милијарди фунти, Челси, со 2,33 милијарди фунти, Арсенал со 2,04 милијарди фунти, Париз Сен-Жермен со1,82 милијарди фунти и Тотенхем со 1,67 милијарди фунти, покажувајќ дека не се потребни титули за да се заработуваат многу пари во фудбалот.