Forbes: Кои се 100-те најмоќни жени во светот

302

Годинава Камала Харис стана првата жена, прва Американка со темна кожа и прва жена со азиско потекло, која беше избрана за потпретседател на Соединетите Американски држави. Нејзиниот брз подем во американската политика, исто така, ја катапултира на списокот на Forbes за 100 најмоќни жени во светот за прв пат.

Дебитира на трето место, веднаш зад германската канцеларка Ангела Меркел, која е на првото место 10-та година по ред и шефицата на Европската централна банка, Кристин Лагард, која е на второ место втора година по ред, објави Forbes.

Жените на 17-тата годишна листа на моќ на Forbes доаѓаат од 30 земји и се родени во четири генерации. Меѓу нив има 10 шефици на држави и 38 извршни директорки. Но, иако тие се разликуваат во возраста, националноста и описот на работата, тие се обединети во начините на кои ги користат своите платформи за решавање на уникатните предизвици за 2020 година.

Некoи од нив кои се најдоа на листата добија глобални пофалби за ефективниот одговор на Ковид-19. Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн (32) ги победи првиот и вториот бран на вирусот во нејзината земја со наметнување строги заклучувања и карантин.

Тајванската претседателка Цаи Инг-Вен (37) спроведе ригорозна програма за пронаоѓање контакти во јануари. На списокот се и телевизиската ѕвезда Опра Винфри, шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, извршната директорка на Facebook, Шерил Сандберг, кралицата Елизабета Втора, поп-sвездите Ријана и Бијонсе и финската премиерка Сана Марин.

Во продолжение првите 10, а комплетната лист може да ја видете овде.

  1. Ангела Меркел

2. Кристин Лагард

3. Камала Харис

4. Урсула фон дер Лајен

5. Мелинда Гејтс

6. Мери Бара

7. Ненси Пелоси

8. Ана Патриша Ботин

9. Абигејл Џонсон

10. Гејл Будро

Фото: Forbes Printscreen