Forbes Media се подготвува за продажба

37

forbes-magaz_20130723063833290Forbes Media ја разгледува можноста за продажба на 96 години старата медиумска куќа. Извршниот директор Мајк Перлис откри дека компанијата ангажирала банкари да го испитаат теренот за продажба, откако добиле неколку неофицијални понуди во последните месеци. Во продажбата се вклучени магазинот Forbes, дигиталната сопственост на компанијата Forbes Media и конференцискиот бизнис. Сопствениците се надеваат дека ќе добијат од 400 до 500 милиони долари, јавуваат агенциите.

Forbes Media е основана во 1917 година во САД. Неделникот Forbes е еден од највлијателните и најпопуларни економски списанија во светот. Неделниот тираж во САД му е над 900.000, а свои изданија има и во Европа, Азија, Блискиот Исток и Латинска Америка. Главен уредник на списанието е Стив Форбс (66), внук на основачот Берти Чарлс Форбс.

Компанијата очекува 2013 да биде најдобра финансиска година во последните шест години.