Forbes: Мекензи Безос и официјално трета најбогата жена во светот

61

Во најскапиот развод во историјата, најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, пренесе една четвртина од акциите на Amazon на неговата поранешна сопруга Мекензи Безос на 29-ти јули, пишува Forbes.

Тој и понатаму е најбогат човек во светот, додека неговата бивша жена се искачи на трета позиција.

Според Forbes real time rankings, богатството на Безос е 117,8 милијарди долари, додека Мекензи на својата сметка има 36,8 милијарди долари.

Побогати од Мекензи се Франсис Мејер (проценето богатство на 53,7 милијарди долари), која е на чело на козметичката империја L’Oreal и Алис Валтон (богатство од 50,4 милијарди долари), ќерка на основачот на Walmart.

Фото: Twitter