Фото: Pixabay
Магазинот Forbes направи истражување и состави листа на 2.000 најголеми акционерски друштва на стариот континент и во светот. Станува збор за компании со чии акции слободно се тргува на берза. Во конкуренција се компании од 61 земја во светот. Од нив, најголем дел или 575 се компании што доаѓаат од САД. Потоа следуваат Кина и Хонг Конг, кои се домаќини на 309 јавни компании, а зад нив е Јапонија со 223.
Во рамки на листата 2019 Global 2000, првите 10 позиции им припаднаа на:
- ICBC – голема банка од Кина
- JPMorgan Chase – голема банка од САД
- China Construction Bank – голема банка од Кина
- Agricultural Bank of China – голема банка од Кина
- Bank of America – американска голема банка
- Apple – технолошки гигант од САД
- Ping An Insurance Group – кинеска осигурителна компанија
- Bank of China – голема банка од Кина
- Royal Dutch Shell – нафтена компанија од Холандија
- Wells Fargo – голема банка од САД
На дното на оваа листа се најдоа:
- JC Penny – компанија за трговија на мало од САД
- Fuyo General Lease – лизинг компанија од Кина
- Incyte – биотехнолошка компанија од САД
- Bed Bath & Beyond – специјализирани продавници од САД
- Thai Oil – нафтена компанија од Тајланд
Forbes, исто така, ја објави и листата на најголемите акционерски друштва во Европа. Во топ 10 влегоа:
- Royal Dutch Shell – нафтена компанија од Холандија
- Volkswagen Group – производител на автомобили од Германија
- HSBC Holding – голема банка од Велика Британија
- Allianz – осигурителна компанија од Германија
- BP – нафтена компанија од Велика Британија
- Total – нафтена компанија од Франција
- Santander – голема банка од Шпанија
- BNP Paribas – голема банка од Франција
- Daimler – производител на автомобили и камиони од Германија
- Nestle – производител на прехранбени продукти од Швајцарија