Forbes објави листа на најбезбедни земји во време на пандемија, каде се наоѓа Македонија?

120

Најбезбедни држави во планот за заштита од пандемијата на коронавирусот е Швајцарија, додека најопасни се Јужен Судан, покажува листата на магазинот Forbes.

Според анализата Македонија е сместена на 103-то место.

Од балканските земји, на листата најдобро стои Словенија – 32 место, четири места зад неа е Хрватска, додека Црна Гора е на 42-то место. Србија, пак, се најде на 54 место.

Податоците се базираат на 130 квалитативни и квантитативни параметри, како и на повеќе од 11.000 информации во такви категории, како што се ефикасност на карантинот, мониторинг и откривање на заразени, стабилност на здравствениот систем и ефикасност на владата.

Првите места ги зазедоа Швајцарија и Германија, поради силната економија и претпазливоста за време на олабавување на мерките. Третото место му припадна на Израел, четврто Сингапур, петто Јапонија, шесто Австралија, седмо Кина. САД се на 58 место, а Русија е 61-ва.

Во овој момент, според извештајот, најопасни држави се Африка, јужно од Сахара, Јужна Америка, како и некои блискоисточни земји и држави од Пацификот.

Фото: Pixabay