
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) продаде 5,3 отсто удел во капиталот на Московската берза на групацијата Softline, изјавија извори за Форбс.
Според наведените извори, поткомитетот на комисијата за контрола на странските инвестиции на руската влада ја одобрил оваа продажба со попуст од 60 отсто и излезна такса од 20 отсто од износот на трансакцијата.
Во 2012 година ЕБОР влезе во Московската берза и до неодамна беше нејзин најголем странски акционер, пренесува Танјуг.
Врз основа на податоците од април оваа година, ЕБОР поседуваше пакет од 120,47 милиони акции на Московската берза или 5,3 отсто од сите акции.











