Форбс: Тајгер Вудс влезе во клубот на милијардери

74

Американскиот професионален играч на голф Тајгер Вудс им се придружи на Леброн Џејмс и Мајкл Џордан меѓу спортистите кои влегоа во кругот на милијардери, објави  списанието Форбс.

Вудс, кој петнаесет пати беше шампион и се врати во натпреварувањето оваа пролет по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа минатата година, во кариерата заработи околу 1,7 милијарди долари.

Околу 90 отсто од неговата заработка доаѓа од бројни рекламни договори и други инвестиции надвор од голфот, објави Форбс.

Шесткратниот НБА шампион Мајкл Џордан беше првиот спортист кој ја достигна таа заработка, а минатата недела му се придружи четирикратниот шампион во НБА, Леброн Џејмс, откако списанието Форбс го процени богатството на играчот на Лос Анџелес Лејкерс на една милијарда долари.