Ford B-MAX е изгласан за AUTOBEST 2013 на 12 по ред гала случување на реномираните AUTOBEST награди, што се одржа пред осум дена во главниот град на Грција.
Автомобилот беше изгласан за AUTOBEST 2013 со 830 поени. На второ место со 736 поени се најде Skoda Rapid, додека трето позициран со 662 поени беше Peugeot 301.
“Паметам кога Ford B-Max беше само идеа, која како и сите други идеи можеше да стане реалност или да остане само идеа. Морам да нагласам дека B-MAX има одличен фабрички квалитет, кој пак се верификување со добивањето на наградата AUTOBEST 2013”, изјави на церемонијата, Џон Флеминг извршен потпретседател на Ford Motor Company.
“B-MAX е брилијантно, интелигентно ново возило. Тоа е одраз на новиот бран на производи кои Ford ги лансира во Европа, не со еден туку со два централни столба вградени во вратите! Квалитетот е импресивен и со 1.0 l Ecoboost мотор. AUTOBEST е првиот настан со интернационално жири кој го награди овој неверојатен мотор, со што го комплетираше портретот на ова извонредно возило”, изјави Илиа Селиктар, претседател на AUTOBEST.