Ford Fiesta најпродаван мал автомобил во Европа – се продавал на секои две минути

22

2013-Ford-Fiesta-Side-Rear-View

Ford Fiesta е најдобро продаван мал автомобил во март и во првите три месеци од 2013 година, според најновите податоци од светскиот водечки давател на автомобилски податоци и известувања, JATO Dynamics.

Европските клиенти купувале една Fiesta на секои 100 секунди во текот на првиот квартал во 2013 година. Според ЈАТО, во март се продадени 41.600 парчиња, а во првите три месеци вкупно 77.800, за 14.000 парчиња повеќе од нивниот најблизок конкурент.

“Сегментот на мал автомобил веројатно е поконкурентен од било кога до сега и новата Fiesta добива дел на пазарот на мало и постигнува успех кај новите клиенти со силата на својот дизајн, технологија и динамиката на погонот”, изјави Ролан де Вард, потпретседател на маркетинг, продажба и услуги на Форд Европа.

Учеството во малопродажба на Fiesta во својот сегмент пораснала за 1,2 процентуални поени во март. Исто така, пристигнатите порачки од клиентите се зголемиле за 8% во првиот квартал во споредба со истиот период во минатата година.

Новата Fiesta нуди седум опции за пренос на електрична енергија со кои се нуди под 100 g/km CO2 перформанс, вклучително 1.0 – литарски EcoBoost мотор, со кој биле опремени една четвртина од Fiestа возилата продадени оваа година во Европа. Ново за Fiesta претставува Ford-овиот SYNC систем за поврзување на глас-активиран во возило, со кој Итната помош може да ги алармира локалните оператори на итна помош за несреќа на 26 јазици кои се зборуваат во 40 региони во Европа.

Најпопуларна боја до денес е ледено белата, која ја одбрале 23% од клиентите, по која следува пантер црна и сребрена како месечева прашина. Внатрешност со боја црна како јаглен одбрале 55% од купувачите на Fiesta.

Ford-Fiesta-3-door-2013-Photo-04