Ford Fiesta најпродавано мало возило во Македонија и Европа за 2015

25

ford PR

Ford Fiesta е најпродавано мало возило во Македонија и во Европа за 2015 година, стои во соопштението.

На македонскиот пазар, Ford Fiesta има удел од над 20% во вкупната продажба на возила во Б-сегментот за минатата година. И во Европа е на првата позиција, веќе четврта година по ред, благодарение на значајните надградувања во стајлингот и функционалностите на возилото.

Статистиките покажуваат дека во 2015 година, граѓаните на Европа купиле 314.432 Ford Fiesta возила, што е за 2% повеќе од претходната година, кога биле купени 309.120 илјади возила.

“Клиентите што посакуваат мали автомобили ќе најдат сè што бараат во Fiesta, без разлика дали станува збор за мала емисија на издувни гасови (82 g/km CO2) кај Fiesta Econetic или за наградуваните перформанси на моделот Fiesta ST и на моторот Ford EcoBoost“, вели Роелант де Ваард, потпретседател, маркетинг, продажба и сервис во Ford Европа.