Ford ги нуди своите патенти за производство на електрични автомобили

58

ford 1

Американскиот производител на автомобили Ford им дава можност на други производители на електрични автомобили да ги користат неговите патенти, пишува порталот Business green.com.

На конкурентните компании, Ford им става на располагање 15 групи на патенти, што се однесуваат на производството на електрични автомобили. Меѓу патентите има развој на технологија за управување со сопирачки и батерии на овој вид на автомобили.

“За да може да се обезбеди најдобрата технологија потребен е континуиран развој и напредок. Преку споделување на нашите истражувања со другите компании, ќе овозможиме поголем напредок во развојот на производството на електрични автомобили, како и тоа да се испорачаат подобри и поквалитетни производи на клиентите“, вели Кевин Лајден, директор на одделот за овој вид на автомобили во Ford.

За користење на вкупно 650 патенти, автомобилската компанија бара “разумна“ цена од заинтересираните производители на хибридни автомобили.