Ford го купува стартапот за електрични скутери Spin

42

Фото: Facebook

Американскиот производител на возила, Ford го купува стартапот за споделување на електрични скутери Spin, пишува CNN. Со ова, компанијата се приклучува во низата на производители на автомобили, коишто веќе инвестираа во електрични велосипеди и скутери.

Ford планира големо проширување во повеќе од 100 градови во следните 18 месеци, а според нив скутерите се достапно, компактно и еколошко превозно средство што може да ги реши проблемите со загадувањето, наоѓање паркинг и сообраќаен метеж.

Стартапот Spin, со седиште во Сан Франциско, пред една година нудеше услуга за споделување на велосипеди, но се префрли во бизнисот со скутери којшто се покажа далеку попрофитабилен. Моментално работи во 13 градови и универзитетски кампуси.

За Ford, аквизицијата може да се покаже како заштитник од новиот бран на транспортни можности што се еден вид на закана за нивниот главен бизнис со автомобили и камиони.