Форд го произведе милионитиот Фокус од сегашната генерација за Европа

18

ford fokusФорд од Европа неодамна го произведе милионитиот Фокус од актуелната генерација. Популарниот автомобил стана најпродаваното возило во светот. Милионитиот Фокус, со 1.0-литарски ЕкоБуст мотор беше произведен во Сарлоуис, Германија.

“Фокусот е одличен семеен автомобил со можност да ги задоволи потребите на голем број потрошувачи. Мината година го лансиравме електричниот Фокус со нула емисии на штетни гасови за да ја комплетираме целосната линија на Фокус возила кои вклучуваат 250 КС Focus ST”, вели Барб Самарџиќ, директор за оперативни активности во Форд Европа.

Лансиран во Европа во 2010 година, глобално новиот Фокус е најдобро продаваното име според анализите на Форд добиени од податоците од регистрацијата на возила за првата половина на 2013 година.

Форд планира овој месец да воведе и нова верзија на Фокус со 1.0-литарски ЕкоБуст мотор, најдобриот меѓународен мотор за 2012 и 2013 година, кој ќе биде првиот семеен автомобил во Европа што работи на безоловно гориво, а истовремено ќе нуди емисии од 99 g/km CO2.

Фокусот е опремен со технологии како Aктивна Помош при Паркирање кој користи ултразвучни сензори за одредување на соодветно паркинг место и автоматски го управува возилото додека возачот ги контролира менувачот, гасот и куплунгот; и Активно Сопирање во Град кој го скенира патот што претстои 50 пати во секунда за да спречи судир на брзина до 15 km/h и помага при намалувањето на сериозни удари на брзина од 30 km/h.

Volume Production of the all-new Ford Focus at Ford's SaarlouisДоколку возилото е дел од сообраќајна несреќа, Форд СИНК со Итна Помош директно ќе ги поврзе патниците со локалните служби за итни случаи.

“Корисниците на Фокус ни пренесуваат дека тие навистина ги ценат смарт технологиите на Форд, како и безбедноста на автомобилот, спортскиот изглед, стил и комфор”, изјави Самарџиќ.

Форд го лансираше Фокус на пазарот во 1998 година и оттогаш компанијата продаде 6,9 милиони автомобили во Европа и повеќе од 12 милиони насекаде низ светот.