Ford и Domino’s ќе креираат самоуправувачки возила за достава на пици

29

food-pizza-box-chalkboard

Фото: Pexels

Познатиот американски ланец на пицерии, Domino’s и производителот на автомобили Ford ќе работат на создавање самоуправувачко возило што еден ден ќе ги замени доставувачите на пица, пишува New Atlas.

Моментално се спроведува истражување на потрошувачите коешто има за цел да покаже како би се чувствувале кога нивните пици би ги носело возило што само ќе се движи.

За време на тест периодот, возилата на Ford ќе бидат управувани од инженери за безбедност и во нив ќе се возат група истражувачи. Потрошувачите, кои ќе учествуваат во истражувањето, ќе можат да го следат автомобилот преку GPS и да добијат порака кога ќе пристигне. Текстуалната порака, исто така, ќе содржи код за да се отвори делот каде што ќе се носи пицата.

Расел Вајнер, претседател на Domino’s USA, вели дека целокупното тестирање е фокусирано на задоволството на купувачите, односно колку тие се подготвени да ги добиваат своите пици на ваков начин.

За реализација на проектот ќе се користи автомобилот Ford Fusion Hybrid, а делот во којшто ќе се пренесува пицата работи на истата технологија што ги одржува пиците топли и во претходните возила за испорака на компанијата.