Ford и Schaeffler го претставуваат возилото Fiesta врз основа на е-погон

23

Ford-EWD_03

Компанијата за моторни возила Ford и Schaeffler денес го претставуваат возилото Fiesta врз основа на е-погон, подвижно возило за истражување кое може да доведе до подобрување на градска мобилност и паркирање со создавање на можни помали, но поподвижни возила.

Со напојување од два независни електрични мотори во секое од задните тркала, технологијата со е-погон нуди простор под хаубата во кој во конвенционалните возила се наоѓа моторот и преносот, а во електричните возила е централниот мотор.

Оваа технологија може во иднина да помогне во развојот на возила за четири лица, а во кои денес има просторот само за две лица. Истовремено, дизајнот на системот за управување со е-погон може да овозможи возилата да се движат странично на паркинг простори – потенцијален пробив, бидејќи градовите стануваат се понаселени и пренаселени.

“Ова е исклучителен проект за да се работи со Schaeffler, бидејќи тој потенцијално отвора нови опции за развој на возила со нула емисија со многу ефикасно паување и исклучително маневрирање“, изјави Пим ван дер Јагт, директорот на Форд за истражувања и инженерство во Европа.

Со мотори кои се во тркалата, компонентите кои се потребни за возење, забавување и технологиите за помош на возачот се инсталирани во интегриран погон на осовина на тркалото – вклучувајќи и електричен мотор, системи за кочење и ладење.

Електричните мотори во тркалата многу индустриски стручни лица ги гледаат како потенцијален, важен, иден овозможувач на технологијата за градските возила, бидејќи светот станува се понаселен и урбанизиран. Се предвидува дека до 2050 бројот на лицата кои живеат во градовите глобално би се зголемил од 3,4 милијарди на 6,4 милијарди, а бројот на возилата ширум светот ќе се зголеми четири пати.

Ford ќе биде партнер со Schaeffler, Continental, RWTH Aachen и Универзитетот на применети науки од Регензбург, на проектот MEHREN (Електрично возило со повеќе мотори со најголем простор и енергетска ефикасност), со кој ќе се развијат две нови погонски возила до 2015 год. Проектот има за цел да ја зголеми интеграцијата на мотори во тркалата во возилото и ќе се грижи за контролата на динамиката во возилото, кочењето, стабилноста и факторот возењето – е забавно.

ford 2

ford 3