Ford инвестира една милијарда долари во развивање на автономни возила

66

Американската компанија за автомобили Ford Motor Co ќе инвестира една милијарда долари во наредните пет години во технолошкиот старт – ап Argo AI, којшто ќе биде фокусиран на производство и развој на технологија за автономни возила.

На почетокот Argo AI ќе ја развива технологијата само за Ford, а подоцна и за други производители. Со овој потег производителот на автомобили влегува во трка со гигантите од Силиконската долина и ќе стане конкурентен, пишува New York Times.

Ford ќе биде мнозински сопственик и ќе се обиде да ги привлече најдобрите експерти за роботика и инженери од други компании.