Ford направи капа што ќе ги држи возачите будни

56

ford

Фото: YouTube

Автомобилската компанија Ford и креативната агенција GTB од Сао Паоло дизајнираа капа којашто ќе ги држи возачите будни. SafeCap изгледа како бејзбол капа и е опремена со сензори што ги интерпретира движењата на главата и го предупредува возачот преку вибрации да не заспие зад воланот. Ако вибрациите не го го држат возачот буден, тогаш се активира звук и светлина, пишува Adage.

“SafeCap е проект што започна на локалниот пазар, но гледаме потенцијал низ целиот свет. Откако ќе ги завршиме тестовите во Бразил, целта ни е да го поделиме проектот со другите земји“, вели Освалдо Рамос, менаџер за продажба, маркетинг и сервис во Бразил.

Капата беше претставена на одржување на 60-годишнината од производството на камиони во Бразил.