Фабриката за производство на автомобили Ford Otosan отвори нова фабрика, трета по ред, во североисточната провинција Коцаели во Турција, пишува Хуријет.
Турскиот производител на автомобили, во кој Ford Motor Company и Koç Holding имаат еднаков удел, инвестираа 670 милиони евра.
На церемонијата на отворањето на третата фабрика на Ford Otosan присуствуваше и турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, кој се заблагодари на компанијата бидејќи “прави огромен придонес“ за турската економија, изразувајќи надеж дека успесите на компанијата ќе продолжат и во иднина.
Ford Otosan е фабрика од автомобилската индустрија која во постоечката форма е од 1977 година, а датира од далечната 1928 година.