Остатоците од кафе што се добиваат при печење на зрната обично се фрлаат, но McDonald’s и Ford решија да им најдат соодветна примена.
Производителот на автомобили планира истите да ги искористи за правење на делови за своите возила, пишува CNBC.
Кога овие отпадни лушпи ќе се загреат со пластика и останати адитиви од нив се формираат пелети и други форми. Токму овој материјал Ford планира да го инкорпорира во внатрешните компоненти во автомобилите.
Со ова деловите од автомобилите ќе бидат за 20% полесни, а на компанијата ќе ѝ заштедат 25% енергија што ја користат додека ги формираат деловите.
За истото да биде овозможено, McDonald’s планира да му обезбеди значително голема количина од овие отпадни лушпи на американскиот производител. Први делови што ќе бидат изработени од лушпите ќе бидат куќишта за фаровите.
Планот е овие делови да почнат да се произведуваат до крајот на годинава за моделот на Ford Lincoln Continental.
Фото: Facebook