Фото: Pexels
Автомобилскиот производител Ford развива патент преку којшто ќе се елиминира мирисот на новиот автомобил, пишува Detroit Free Press.
“Непријатниот мирис на внатрешноста од автомобилот останува главен проблем во индустријата. Скоро двојно е поголем тој проблем во однос на вториот најрелевантен проблем, а тоа е потрошувачката на гориво“, вели Брент Грубер од Ford.
Фидбекот од потрошувачите во Кина покажува дека мирисот во новиот автомобил им пречи на голем број корисници.
Инаку, карактеристичниот мирис на новите автомобили е предизвикан од кожата, пластиката, синтетиката и гумата што се инкорпорирани во нивната внатрешност.