Форд Транзит Конект прогласен за Товарно возило на годината

60

New Ford Transit Connect Wins ?International Van of the Year 2014?; Ford is First Single Manufacturer to Win Twice in a RowНовиот Форд Транзит Конект е именуван за Товарно возило на годината за 2014 на меѓународно ниво на изложбата COMTRANS за комерцијални возила одржана во Москва, со што Форд стана првиот и единствениот производител кој има победено во две последователни години.

Форд бележи победа по петти пат откако жирито составено од 24 европски новинари-специјалисти го наградија Транзит Конект со 130 поени од можни 163, со што застана пред Мерцедес Бенц Спринтер и Рено Кангу.

“Новиот Транзит Конект постави нови правила на игра за компактните комбиња – и ние сме многу горди што повторно ја добивме оваа значајна награда. Новиот Транзит Конект е силен исто како сите останати комерцијални возила, а доаѓа и со нов софистициран изглед и пониски цени за гориво“, изјави Барб Самарџич, потпретседателот на одделот за Развој на Продукти во Форд Европа.

Со редизајнот кој Форд го направи на целата линија на комерцијални возила во период од две години, новиот модерен Транзит Конект се приклучи кон линијата на четирите нови Транзит возила, односно Транзит Кастм и претстојните Транзит и Транзит Курир од два тона, кои ќе се лансираат во 2014 година.

Транзит Конект е лидер во својата класа кога станува збор за економичност, носивост и издржливост, со моделот ЕКОнетик кој троши 4л/100км (70,6 mpg) и емисија на CO2 од 105гр/км* – подобрување од 34% во споредба со сегашниот модел.

Транзит Конект е достапен како товарно возило, комби со двојна кабина и комби каросерија и нуди практичен и просторан товарен простор со вкупна зафатнина од 2,9 m3 и 3,6 m3 со целосна преграда, со максимална носивост од 1000 кг.

Новиот Транзит Конект ќе биде достапен за испорака кон крајот на 2013 година.