Форд укинува 1.100 работни места во Шпанија: „Отпуштањата се составен дел од најавените промени“

29

Американскиот производител на автомобили Форд планира да укине 1.100 работни места во фабрика во Валенсија, Шпанија, изјави во петокот портпаролката на компанијата.

Отпуштањата се составен дел од најавените промени во производството во Европа, рече портпаролката. Фабриката во Валенсија моментално вработува 5.800 работници.

Форд ќе работи конструктивно со синдикалните партнери за да го ублажи влијанието на отпуштањата врз вработените, нивните семејства и локалната заедница, рече портпаролката.

Компанијата одлучи дека повеќе нема да ги склопува миниванот Galaxy и караванот S-Max во Валенсија.

Минатата година Ford објави дека ги одложува инвестициите во производството во Шпанија поради ревидираните изгледи за Европа, но потврди дека треба да започне со производство на електрични возила во шпанската фабрика до крајот на деценијата.

Производството на електрични возила ќе повлече и намалување на бројот на работни места, рече Форд при претставувањето на проектот.

Американската компанија веќе најави дека ќе укине 2.300 работни места во Германија и 1.000 во Британија. Од 2030 година планираат да продаваат само електрични автомобили во ЕУ.