Формирана комисија за продажба на Палома

51

palomaНадзорниот одбор на словенечката компанија Палома ја соопшти намерата на мнозинскиот сопственик ПДП, кој има 71% удел, дека ќе ја продава компанијата. Формирана е комисија за извршување на продажната постапка, а ќе биде избран и советник, кој ќе ги повика заинтересираните инвеститори за предавање на понуди, пишува мариборски Вечер.

“Сакаме да обезбедиме што потранспарентна продажна постапка на мнозинскиот удел во Палома, која може да трае до крајот на идната година”, изјави за весникот претседателот на надзорниот одбор, Боштјан Горјуп.

Од компанијата не ги коментираат наводите дека за Палома се заинтересирани словачката компанија Slovak Hygienic Paper (SHP) и српската Drenik ND, компании кои беа во најтесниот избор во претходната пропадната постапка за продажба во 2011 година.

Оваа година работењето на Палома се подобрува, по три години работење во црвено. Во првите девет месеци, компанијата остварила 62 милиони евра приход, а добивката од работењето е 370.000 евра.