Формирана најголемата банка во Обединетите Арапски Емирати

24

pari

Фото: Pexels

National Bank на Абу Даби (NBAD) и First Gulf Bank (FGB) објавија дека завршија со спојувањето, создавајќи ја најголемата банка во Обединети Арапски Емирати под името First Abu Dhabi Bank. Новата банка има средства од 180 милијарди долари, пишува Bloomberg.

“Ова е трансформационен момент за Абу Даби, регионот и пошироко. Клучните приоритети на новата банка се утврдени во согласност со визијата за раст на Абу Даби и ОАЕ“, вели Абдулахмид Саед, извршен директор на новата банка.

Банките соопштија дека нивното спојување е законски завршено на први април, а First Abu Dhabi Bank започна со тргување на берзата за хартии од вредност.