Формирана првата Асоцијација на метална и електро индустрија – МАМЕИ

49

mamei

Првата Асоцијација на металната и електро индустријата во Македонија МАМЕИ се формираше пред неколку месеци на иницијатива на неколку домашни компании.

Целта на МАМЕИ е да ги обедини компаниите од овие сектори во земјата и да им понуди професионални бизнис услуги и поддршка за нивниот развој, да ги поврзе бизнисите и да ја зголеми меѓусебната соработка, да обезбеди заеднички настап на домашни и странски Б2Б настани и саемски претставувања и да организира подобро позиционирање на компаниите пред странските инвеститори.

“Преку МАМЕИ сакаме да го подигнеме нивото на компаниите од метало-машинскиот и електро секторот во земјата работејќи заедно со сите производители. Почнувајќи од заедничка набавка на материјали, оптимизација на извозниот транспорт, имплементација на технички стандарди, па се до заедничко развивање на нови и иновативни македонски производи”- изјави Гоце Пешев, извршниот директор на МАМЕИ.

Асоцијацијата на металната и електро индустријата – МАМЕИ е поддржана од СИППО – Швајцарска програма за промоција на извозот на Switzerland Global Enterprise (S-GE). Повеќе информации може да се добијат на 02/3121907 или на веб страната на МАМЕИ www.mamei.mk.