Формирана Стопанската комора МИБА – партнер на турската ТУСКОН во Македонија

88

Вкупно 67 компании од различни сектори брои новоформираната Комора на индустријалци и стопанственици на Република Македонија (МИБА) која од денеска и официјално почнува со работа, пишува Миа.

Членките на Комората доаѓаат од повеќе градови, Охрид, Струга, Скопје, Гостивар, Тетово,…, а на основачкото собрание за претседател го избраа Семих Шахим.

МИБА е партнер на Бизнис организацијата ТУСКОН од Турција.

“Комората на индустријалци и стопанственици е формирана од деловни луѓе со цел да биде вистински претставник на бизнис заедницата. Имаме развиена мрежа на сите страни во светот, Њујорк, Брисел, Нигерија, Кенија … И покрај многу добрата соработка со постојните комори во Македонија и Турција која сакаме да се интензивира во иднина, одбравме, на сопствена иницијатива, некои работи на наш начин да ги претставиме. Мотото на МИБА ќе биде всушност нашата работа“, изјави Шахим пред почетокот на основачкото собрание.

Согласно Статутот, активностите на МИБА ќе бидат насочени кон развивање на бизнис секторот, слободното претприемништво, индустријата, трговијата, образованието, конкуренцијата, пазарното стопанство, поттикнувањето на економскиот раст, отворањето нови работни места.