Формирано здружение на банкарски клиенти – Ануитет

101
Од први септември почна со работа Здружението на банкарски клиенти Ануитет.
Мисијата на здружението, како што информираа е заштита на банкарските клиенти и остварување на нивните права при воспоставување на деловниот однос со банките и другите финансиски институции.
“Водејќи се од секојдневните проблеми на граѓаните и компаниите кои ги имаат со деловните банки и финансиски институции, се одлучивме за основање на Здружение на граѓани кое ќе работи со единствена цел да ги застапува институционално своите членови. Визијата на Здружението Ануитет е фер и етички однос на банките кон нивните клиенти што ќе придонесе кон градење на посилна и здрава економска моќ на секој поединец, како спротивност од досегашното делување на банките во насока единствено за остварување на астрономски профити“, се наведува во соопштението.

 

Здружението ги повикува граѓаните и компаниите да им се приклучат со цел да се стави крај на како што велат, едностраното неетичко делување на банките врз грбот на граѓаните.

Фото: Freepik