Formula 1 ќе се ослободи од емитување на штетни гасови

51

Formula 1 даде ветување дека до 2030 година ќе се ослободи од емитување на штетни гасови на тркачките патеки, вклучувајќи го и транспортот на вработени и опрема на настаните.

Од F1 потенцираа дека ќе преминат кон “ултра ефикасна логистика“, како и 10% одржливи канцеларии и фабрики, пишува BBC.

До 2025 година сите настани ќе бидат “одржливи“,  а освен тоа ќе биде елиминирана пластиката за еднократна употреба. Дополнително, секој отпад ќе биде рециклиран, односно повторно искористен.

Од 2021 година, горивото што го користат болидите ќе мора да има најмалку 10% биогориво во својот состав.

Фото: Facebook