Фортенова група објави понуда за преземање на Меркатор, во којашто нуди по 36 евра за акција и плаќање во готовина, објавуваат словенечките медиуми.
Фортенова од другата половина на април во своја сопственост има 88,1% од акциите на словенечкиот трговски синџир, а словенечки Дело ја објави понудата за преземање на преостанатите 724.764 акции на Меркатор што не се во негова сопственост.
Цената што ја нуди Фортенова за акциите на Меркатор е 36 евра, што е за три евра повеќе од последната цена од 33 евра по којашто на крајот на минатата недела се тргувале акциите на компанијата на Љубљанската берза.
Неофицијалната пресметка покажува дека, ако сите акционери ја прифатат понудата, Фотернова за преземање на Меркатор ќе плати околу 26 милиони евра.
Понудата за преземање важи до 23-ти јуни. Фортенова не постави праг за успех на понудата, бидејќи веќе има удел поголем од 50% во Меркатор.
Фото: Facebook











