Fortune: Илон Маск е личност на годината

49

Со имот вреден 167 милијарди долари, во средината на ноември, основачот на Тesla, Илон Маск го престигна Бил Гејтс и стана вториот најбогат човек во светот.

Поголемиот дел од тоа зголемување се засноваше на екстремниот раст на вредноста на акциите на Теsla, што изнесуваше околу 650% за една година, пишува списанието Fortune кое го  прогласи Маск за лице на годината.

Маск е сопственик на 20% од акциите на Теsla, а седми декември беше особено добар ден за него. На тој ден, за само 24 часа, неговото богатство се зголеми за 9,7 милијарди долари.

Фото: Instagram