Фотелја од печурки формирана за седум дена

39

Terreform-ONE-unveils-mushroom-chair-grown-out-of-fungi-in-just-seven-days-closeup-1020x610

Непрофитното архитектонско студио Terreform ONE, на неделата на дизајнот во Њујорк NYCxDesign week, претстави биоразградлива фотелја од печурки создадена во лабораторија за седум дена, пишува Inhabitat.

Со ова беше воведена и нова категорија на мебел, којшто може безбедно да се рециклира и враќа во природата на крајот на својот животен циклус, наместо да завршува во депонија. Идејата зад ова парче мебел е да се избегне сечењето на дрвја, односно сами да си го “растеме” мебелот.

За да се направи оваа фотелја, Terreform конструираше рамка од масонит пополнета со органски материјал од којшто растат печурки. За таа цел, дизајнерското студио соработуваше со њујоршката компанија Ecovative, којашто е една од водечките компании за производство на биоматеријали и верува дека “печурките се новата пластика”.

 

TerreformONE_MushroomChaise_1-300x190@2xTerreformONE_MushroomChaise_2