Фото: Безос успешно се врати на Земјата

142

Најбогатиот човек на светот, основачот на Аmazon, Џеф Безос, слета на Земјата по летот во вселената. Безос полета во 15:12 часот по средноевропско време, а лансирањето можеше да се следи преку страницата Blue Origin и на YouTube.

“Возбуден сум, толку сум возбуден и љубопитен. Сите што претходно биле во вселената и се вратиле, рекоа дека искуството ги сменило, тие рекоа дека кога ја виделе атмосферата на Земјата, сфатиле колку е кревка Земјата, не знам како ова ќе ме промени, но знам дека ќе се случи“, изјави Безос за CNN пред полетувањето.
Заедно со Безос патуваа и неговиот брат Марк (53), авијатичарката Воли Фанк (82) и тинејџер кој неодамна го заврши средното училиште Оливер Димен (18), како најстара и најмлада личност што стигнале до вселената.
Фото: YouTube printscreen