ФОТО: Како изгледаат канцелариите на Microsoft во Србија?

42

MS1

Технолошката компанија Microsoft во Србија е една од канцелариите на познатата светска корпорација, што ги применува принципите на таканаречениот нов свет на работа, пишува порталот Bizlife.

MS2

Овој принцип им овозможува на вработените во Белград да работат во атмосфера што самите ќе ја креираат, без оглед на тоа каде се наоѓаат.

MS3

Во компанијата клучот е да се мотивираат вработените и да имаат слобода да работат кога и каде сакаат, почитувајќи ја нивната ефикасност и резултати, а не да се следи нивното присуство во канцеларија во одредено работно време. На пример, вработените можат секој ден да одберат различна работна маса на која ќе работат, а имаат и посебен простор за одмор, забава и релаксација.

MS4

“Сè поголемата поврзаност на модерното општество со технологијата прави новите дигитални алатки да може секојдневно да се користат, што ни овозможува да работиме и комуницираме на различни начини. Сè почесто работиме во движење – од аеродром, од други канцеларии или од дома, што значи дека стануваме прилагодливи. Доволно ни е да имаме само лап топ или во последно време само паметен мобилен телефон кој, благодарение на решенијата на Microsoft, сега е центар на комуникација“, велат од компанијата.

MS5

MS6