Фото: Ликот на часовникот се буди и заспива

18

fornasetti-huawei-watch-designboom-06

За прв пат во историјата, илустрациите на познатиот француски сликар Пјер Форнасети се најдоа на парче дигитална технологија, пишува Designboom.com.

Уметничките дела на овој култен сликар досега се користеа за облагородување на предмети од порцелан, мебел, ѕидни часовници и други предмети.

fornasetti-huawei-watch-designboom-05

Но, во посебната соработка меѓу технолошкиот гигант Huawei и синот на сликарот Пјер, Барнаба, е произведено лимитирано издание на часовник којшто ја прикажува уметничката визија на неговиот татко во комбинација со технолошките иновации на Huawei.

На рачниот часовник е култната слика на италијанската оперска дива Лина Кавалиери. Нејзиниот лик во текот на денот се менува – одмора, ги затвора очите кога спие, трепка како да се буди од спиење, а кога е будна со двете очи будно следи што се случува.

fornasetti-huawei-watch-designboom-04

Ременот на часовникот е изработен од посебен материјал – малахит, којшто е вообичаено тежок. Но, синот на Пјер го претвори во меко зелено ременче, што ја надополнува приказната на овој рачен часовник.