Динара Каско од Украина претвора неверојатни слатки задоволства во идеални геометриски форми.
Нејзината љубов кон архитектурата ја спои заедно со желбата и талентот за подготвување на торти, а како резултат на тоа се маестралните десерти.
Каско користи технологија на 3D моделирање за да направи силиконски калапи, со чија помош ги оформува тортите и колачите, пишува Archdaily.
“Се обидувам да ги поврзам слатките со архитектурата преку создавање на геометриски форми и внимателни композиции“, вели Каско, која наместо челик, бетон или стакло користи слатки состојки како што се желатин, чоколадо и слично.