
ПроКредит Групацијата ја стартуваше акцијата Одговорно размислување за животната средина. Размисли одговорно за животната средина е пораката што се спроведува во 11 земји од Југоисточна Европа во кои работат ПроКредит Банките.
Банките во рамки на ПроКредит Групацијата негуваат една клучна вредност – одговорност кон животната средина која е вградена и во мисијата за поддршка на економскиот развој на малите и средни бизниси на еколошки и оддржлив начин.
Затоа, во рамки на акцијата, Банката на граѓаните им подарува ЕКО торби изработени од 100% органски памук, произведени според стандарди за најмало можно влијание на животната средина.
ПроКредит како Групација до крајот на оваа година ќе подари над 600.000 еко торбички во 11 земји од Југоисточна Европа, каде статистиките за употреба на пластичните кеси е далеку над просекот.
Пластичните кеси се втор најзастапен отпад во животната средина, по отпушоците од цигари.
За производство на пластичните кеси се користат значајни природни ресурси кои можат да бидат употребени во продуктивни цели. За да се произведе 10% од потрошувачката на пластични кеси, се користат една милијарда фосилни горива, 15 милијарди литри свежа вода, половина милијарда цврст отпад и 2,7 милијарди CO2.
Пластичните кеси претставуваат отпад кој тешко се управува. Само 1% – 5% од количината на пластични кеси се рециклира.
Само во Македонија се користат над половина милијарди пластични кеси годишно и за истите нема соодветен систем за управување со отпад.
Заради својата структура, кесите лесно се разлетуваат и завршуваат насекаде околу нас. Штетните состојки при разградувањето завршуваат во земјоделските производи и храната што ја јадеме, водата, воздухот.
“Иднината е во наши раце. Голем број акции со кои може да се заштитат природните ресурси, може да се реализираат започнувајќи со добра волја и ентузијазам. Еко инвестициите во бизнисoт се одговорна и одржлива практика и се инвестиција во својата, но и во иднината на следните генерации. Размислете одговорно! Затоа што животната средина ни е важна. Да започнеме од утрешната навика, пласичната кеса за пазарење да ја замениме со платнена или можеби со корпа. Помалку пластични кеси значи почиста животна средина, поздрави земјоделски производи и подобро здравје на секој од нас”, велат од Банката.