Изминатиот викенд, во скопската населба Бутел беше отворен десеттиот Рептил маркет. Маркетот се протега на површина од 430 метри квадратни, од кои продажен простор се 350 метри квадратни, додека 80 квадрати се наменети за магацински простор.
Маркетот располага со сопствен паркинг простор за 20 возила. Во десеттиот маркет на Рептил ќе работат 25 вработени, има три наплатни каси и целосен асортиман од околу 10.000 производи.
“Оваа година е јубилејна година за Рептил маркети – славиме 20 години постоење. Со отворањето на овој десетти маркет по повод јубилејот ја постигнавме поставената цел. Нашиот успех се темели на квалитетот и се трудиме постојано да го усовршуваме и подобруваме. За оваа година подготвуваме уште една активност преку која ќе станеме достапни за купувачите од цела Македонија и се надеваме дека и понатаму успешно ќе ги задоволуваме потребите и барањата на купувачите”, вели Даница Личанин Блажеска, генерален директор на Рептил маркети.
Новиот маркет го задржува концептот на дополнителни услуги за купувачите. Во маркетот има месара со свежо месо од Македонија, рибарница со свежа речна и морска риба, морски плодови, оддел за готови јадења, оддел за слатки каде што се нудат и торти без глутен, колачи без шеќер, како и колачи од висококвалитетно белгиско чоколадо. Во маркетот се воспоставени и се применуваат ХАЛАЛ, ХАСАП и ИСО стандарди за квалитет и услуга.