Фотосторија: Woman in Adria Македонија промо ден

51

Вчера во просториите CEED Македонија од 16 до 18 часот се одржа промо настан од отворен карактер, каде што во пријатна атмосфера присутните жени претпримачи и менаџери имаа можност да се запознаат со годишната програма на Woman in Adria Македонија.

Покрај запознавање со претстојните настани, промо денот беше единствена можност да се слушнат успешните приказни на првите членки на WIA MК.

Woman in Adria има над 700 членови од целиот регион, а сега и македонските жени претприемачи ја имаат можноста да бидат дел од овој брзорастечки бренд, преку членската програма Women in Adria Македонија и голем број конференции, Б2Б средби и настани за вмрежување.

CEED Македонија, како првиот франшизер на Woman in Adria Хрватска, им отвара можност на жените лидери и носители на своите бизниси да се запознаат меѓусебно и да го прошират нивниот бизнис на македонскиот и хрватскиот пазар.