Four Seasons го отвора својот прв хотел во Хрватска

25

hvar0031

Светски познатиот бренд Four Seasons ќе го отвори својот прв хотел во источна Европа, а како дестинација е избран островот Хвар, пишува Luxury Daily.

Four Seasons Hotels & Resorts ги здружи силите со Arqaam Capital, специјалисти за инвестиции со цел да управуваат со нивниот нов ресорт. Градбата ќе биде сместена на идеална локација, односно на заливот Бризеница.

Хотелот ќе има 120 соби, луксузен станбен дел со 60 приватни резиденции со една или две спални соби и вили со три до пет спални соби.

Иако е сè уште во фаза на планирање и развој, градбата ќе има и свој приватен залив, неколку базени, врвен спа и фитнес центар, ресторани, кафулиња, барови и бутици како и сите неопходни работи за деловни конференции и организирање различни настани.