Франција од први јануари го забрани такси сервисот Uber за да ја спречи нелојалната конкуренција, откако такси возачите во Париз организирале протест против оваа американска on line такси услуга, пишува Ројтерс.
Такси возачите во Франција сметаат дека оваа услуга им носи нелојална конкуренција, а за сметка на тоа Uber се повеќе го распространува својот бизнис.
“Најновите законски измени, што стапуваат на сила од први јануари 2015 година, носат поголема регулатива на такси индустријата“, вели портпаролот на француското министерство за внатрешни работи, Пиер Андри Брандет, потенцирајќи дека ќе се стави ред на најразличните такси услуги во земјата.
Uber се соочи со забрани за работа и во индиската метропола Њу Делхи и во Германија.