Франција ги забранува пластичните чинии, чаши и прибор за јадење

73

casa

Париз забрани употреба на пластични чаши, чинии и прибор за јадење, со што Франција стана прва земја во светот што воведува ваква забрана. Производителите имаат рок до 2020 година сите садови и прибор за еднократна употреба да ги прават од биоматеријали што ќе можат да се разградуваат, јавува Fox news.

Во јули оваа година, Франција забрани употреба на пластични кеси, а ваква забрана има и во голем број други земји.

Еколошките организации изразија надеж дека и другите земји ќе го следат овој пример.