Франција го казни Ryanair со осум милиони евра

15

FILE IRELAND RYANAIR EARNINGSФранцускиот суд го казни ирскиот авиопревозник Ryanair со преку осум милиони евра, поради кршење на локалните закони за работни односи.

Судот утврди дека Ryanair дејствувал нелегално при вработување на повеќе од 120 работници со ирски договори во некогашното седиште во Марсеј помеѓу 2007 и 2010 година.

Авиокомпанијата најави жалба на одлуката на судот.

”Нашите вработени кои работеле во Марсеј помеѓу 2007 и 2010 година веќе ги уплатија своите придонеси во Ирска, што е во согласност со ирските регулативи и регулативите на ЕУ за вработување. Затоа не веруваме дека Ryanair или нашите вработени ќе бидат принудени по втор пат да плаќаат придонеси и во Франција“, изјавил официјалниот претставник на компанијата, пренесува BBC.

Авиокомпанијата мора да плати 4,5 милиони евра ретроактивно за социјални давачки, три милиони евра за пензиски придонеси, како и 450.000 евра за трошоци.