Франција ја укинува финансиската помош на имигрантите

19

Франција повеќе нема да им дава финансиска помош на имигрантите, вклучувајќи ги и Ромите од Романија, што беше барање на Европската унија, изјави францускиот министер за внатрешни прашања, Мануел Валс.

Министерот додаде дека во некои случаи финансиската помош на имигрантите од следната година ќе им биде намалена за 83%, за да се намали буџетската потрошувачка.

Сумата која француската влада ја плаќа за да ги врати инигрантите дома, од 300 ќе биде намалена на 50 евра.