Франција ќе дава 2.500 евра за замена на стари автомобили со електрични велосипеди

97

Франција на сопствениците на постари автомобили со внатрешно согорување им дава 2.500 евра да ги донесат на отпад и да ги заменат со нов електричен велосипед.

Мерката е донесена во рамки на законската рамка чија цел е намалување на емисијата на штетни гасови до 2030 година за 40% во однос на нивото од 1990-та година.

Доколку оваа одлука помине во француското собрание, тогаш земјата ќе биде прва во светот што на граѓаните ќе им понуди замена на старо возило за електричен велосипед.

Фото: Pexels