Франција ќе ги донира своите залихи на вакцини на сиромашните земји

35

Франција првично ќе донира 100.000 вакцини од AstraZeneca на земјите во развој во април, со што станува првата земја во ЕУ што испраќа свои залихи од вакцини кон сиромашните земји.

Францускиот претседател, Емануел Макрон ги повика земјите членки на ЕУ да испратат 5% од своите залихи на вакцини на земјите во развој со цел да се спречат Русија и Кина да стекнат дипломатска предност во светот со нивните вакцини.

Иницијативата Ковакс објави дека во март планираат да испорачаат 237 милиони дози на AstraZeneca во 142 земји до крајот на март, а исто така ги испорачале и првите дози на Pfizer.

Франција се обврза да испрати 500.000 вакцини до средината на јуни.

Фото: Pexels