Франција ќе ја добие најголемата стаклена градина во светот

46

tropicalia_23fev_full-web

Фото: Coldefy & Associates

Франција наскоро ќе стане дом на Tropicalia – рај од водопади и тропски растенија направен и дизајниран од архитектонското студио Coldefy & Associates. Тоа ќе биде најголемата покриена тропска стаклена градина во светот, пишува Inhabitat.

Стаклената градина ќе биде со површина од 215.000 метри квадратни и ќе биде наменета за енергетска ефикасност и рециклирање на топлина. Проектот вреден 62 милиони долари ќе има различни тропски “предели“ исполнети со флора и фауна што ќе бидат поврзани со пешачка патека долга еден километар.

Во креирањето на Tropicalia учествува и  француската енергетска компанија Dalkia.

Градината ќе вклучува двојно изолираната купола од стакло, изработена од челик и ETFE пластика и ќе биде делумно вградена во земјата за да ја искористи природната изолација, како и да обезбеди константа температура во текот на целата година.

Во оваа тропска градина ќе има и водопад од 82 метри и олимписки базен со ретки риби.

Tropicalia, исто така, ќе располага со аудиториум, ресторан, соби за преспивање, истражувачка област со конференциска сала, лабораторија и клиника. Проектот се очекува да се заврши во 2019 година и да биде отворен за јавноста во 2021 година.