Франција може да остане без струја во текот на зимата

46

Франција мора да биде внимателна за да ги задоволи потребите за електрична енергија во текот на зимските месеци, бидејќи се можни прекини во снабдувањето во случај на поголем пад на температурите, иако ситуацијата е поповолна од предвидувањата, соопшти операторот со електроенергетската мрежа, RTE.

Ризик од проблеми со снабдувањето со струја во декември е значително намален бидејќи работата на нуклеарните електрани и метеоролошките услови се во рамки на вообичаените сезонски прогнози за наредните 45 дена.

RTE наведува дека Франција би можела да се соочи со дефицит во снабдувањето со електрична енергија во јануари и февруари, ако температура падне меѓу два и седум степени по сезонската норма неколку денови по ред.

Во случај на недостиг од струја, RTE наведува дека или ќе биде прекината испораката на индустриите што трошат голема количина на електрична енергија или ќе биде намалена волтажата во дистрибутивната мрежа.

Како последно решение, компанијата ќе организирани “привремени, планирани и локализирани“ исклучувања на струјата за да се заштитат чувствителните потрошувачи.

Фото: Freepik