Франција најмногу извезува, а Кина најмногу увезува козметика

85

Франција минатата година од извоз на козметика и препарати за нега на кожа оствари 9,6 милијарди долари. Од друга страна, Кина минатата година реализираше увоз на козметички производи во вредност од 9,9 милијарди долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на козметика во светот лани беа: САД (5,8 милијарди долари), Сингапур (5,2 милијарди долари), Јужна Кореја (4,9 милијарди долари), Јапонија (3,9 милијарди долари), Германија (3,8 милијарди долари), Хонг Конг (2,5 милијарди долари), Кина (2,4 милијарди долари) и Велика Британија (2,2 милијарди долари).

Освен Кина, меѓу земјите што најмногу увезуваат козметички производи се и: САД (5,4 милијарди долари), Хонг Конг (5,3 милијарди долари), Сингапур (2,9 милијарди долари) и Германија (2,7 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем увозник на козметика е Грција со 229 милиони долари, по што следат Хрватска со 146 милиони долари и Словенија со 90 милиони долари. Бугарија е на 61-во место со увоз на козметика со 84,6 милиони долари, Србија е девет места подолу со увоз во висина од 61 милион долари.

Македонија е 104-та во светот со увоз на козметички производи во висина од 17 милиони долари.

Фото: Pixabay