Франција не е за воведување европски ковид пасош

41

Франција не е за воведување ковид пасош во рамки на Европската унија и смета дека тоа прашање не би требало да се најде на дневен ред на Европскиот совет, рекол Клемент Бон, француски државен секретар.

“Воопшто не сме склони кон таков предлог. Зборуваме за парче хартија, документ што ќе ви овозможи да патувате низ Европа, па мислам дека е премногу рано за тоа. Таква расправа не би требало да се води со оглед на тоа што кампањата за вакцинирање против коронавирусот е на почеток насекаде во Европа, па би било бизарно кога за некого би важеле поинакви правила во однос на другите. Нашата концепција за заштита и пристап до вакцините не е таква“, вели тој.

Шефот на грчката влада ја повика Европската унија да усвои “стандардизирана“ потврда за вакцинирање што би овозможила поттик на туристичката индустрија, што беше силно погодена од пандемијата.

На ваквата идеја се противи и Светската здравствена организација (СЗО).

Фото: Freepik